Страницат за поддршка за Samsung Galaxy S20+ LTE накратко се појави на јужноамериканскиот сајт на компанијата Samsung, со што се потврдува постоењето на LTE верзии на Galaxy S20 линијата теелфони.

Веб-страницата го прикажува Galaxy S20+ со број на модел SM-G985F, кој е поинаков од SM-G986F бројот на модел, кој и припаѓа на 5G варијантата на уредот. Истото важи и за Galaxy S20 – моделот со 5G поддршка има број на модел SM-G981F, додека LTE варијантата е SM-G981F.

Можно е дека Samsung планира да понуди LTE верзии на смартфоните на пазарите каде што 5G поддршката се уште не е обезбедена. Се очекува дека барем за пазарите на Јужна Кореја и САД, 5G верзиите ќе бидат стандардни.