Бил Гејтс, вториот најбогат човек на светот кој според „Форбис“ тежи 108,8 милијарди долари, вели дека неговото екстремно високо богатство не е фер.
„Разликата меѓу највисоките и најниските примања во САД е многу повисока отколку што беше пред 50 години“, напишал Гејтс на својот блог.
Тој пишува дека бил исклучително наградуван за неговата работа, додека многу други кои работат вредно, мораат да се мачат за да заработат и да живеат пристојно.
За да се реши овој проблем, пишува Гејтс, американската влада треба да ги зголеми даноците за богатите.
„Јас се залагам за даночен систем во кој, ако имаш повеќе пари, ќе плаќаш повисок данок. Мислам дека богатите треба да плаќаат многу повеќе отколку сега, а тука влегуваме и јас и Мелинда“, пишува Гејтс, мислејќи на својата сопруга.