Следниот OnePlus премиум телефон ќе има 120Hz Fluid Display, а поголемиот фрејмрејт да го направи покорисен, Извршниот директор на OnePlus, Пит Лау потврди на Twitter дека OnePlus 8 Pro ќе користи интерполација на движења.
Тоа значи дека корисникот ќе може да гледа 30fps и 60fps видео, а прилагодениот „MEMC“ чип во OnePlus 8 Pro ќе може да креира дополнителни фрејмови за да симулира повисок фрејмрејт. Ова е функција која е честа на телевизорите од повисок сегмент.
The OnePlus 120Hz Fluid Display: The smoothest, most effortless scrolling experience ever on a smartphone. pic.twitter.com/I4FWP64NfO
— Pete Lau (@PeteLau) January 15, 2020
OnePlus 8 Pro смартфонот се очекува со Snapdragon 865 чипсет, 12GB RAM, најновата верзија на Oxygen OS, систем со четири камери на задната страна и punch-hole селфи камера.
Засега се уште не е познато кога OnePlus 8 серијата ќе биде претатавена, но со оглед на тоа дека тизерите се појавуваат во голем број, можно е дека тоа ќе се случи пред месец мај.
If you’ve seen high-quality TVs, you’re no stranger to MEMC. We’ve created a custom MEMC chip that can push ordinary 30fps video up to 120, so any video gets the full advantage of our 120Hz Fluid Display. pic.twitter.com/YPD3fw5uOn
— Pete Lau (@PeteLau) January 16, 2020