Првите гласини велат дека новиот модел на Samsung кој ќе пристигне наскоро ќе биде вистински технолошки „ѕвер“ со врвни перформанси.
На Twitter се проширија шпекулации за новиот Galaxy S20 Ultra 5G кој ќе има главна камера од 108 MP, камера од 48 МP со 10x оптички зум и ултраширока камера од 12 MP. Во понудата ќе бидат и верзиите со 12 и 16 GB RAM, односно 128, 256 и 512 GB интерна меморија. Уредот ќе содржи и SD слот, кој ќе поддржува мемориска картичка со капацитет до 1 ТB.
Уредот ќе го напојува батерија со капацитет од 5.000 mAh со поддршка за брзо полнење од 45 W.
Процесорот кој ќе го користи Galaxy S20 Ultra 5G засега не е познат, а се шпекулира за Qualcomm Snapdragon 865 односно Samsung Exynos 990. Исто така, големината на екранот не е позната, но со оглед на батеријата, веројатно ќе станува збор за голем уред (се споменува големина од 6,9 инчи).
Новите уреди од Galaxy S20 серијата ќе бидат претставени на Unpacked настанот на 11 февруари во Сан Франциско.
Извор: Klix.ba