Минатиот месец, Алвин Тсе – Глобален директор на компанијата Poco објави твит по што почнаа гласини за тоа дека Pocophone F2 би можел да биде објавен во текот на 2020. година. Сега се тука и поконкретни докази дека смартфонот ќе се појави, благодарение на неодамна откриена патент пријава.
Документацијата не открива премногу, но јасно ја споменува компанијата Xiaomi, која пријави генерална заштита на името за Poco F2. Не се наведени детали за самиот уред, така што се уште не знаеме како ќе изгледа телефонот и каков софтвер и хардвер ќе има.
Се очекува дека Pocophone F2 ќе ги следи стапките на својот претходник, моделот Poco F1 и дека ќе биде добро конструиран смартфон, со одличен работен век на батеријата, премиум хардвер и достапна цена.