Сателитите забележале дека почнале да растат грмушки и растенија кои вообичаено растат помеѓу субнивалниот и нивалниот (снежен) вегетациски појас.
Проучувајќи ги фотографиите кои ги снимиле од НАСА, односно сателитот Ландсат, помеѓу 1993-та и 2018-та година, научниците откриле мал, но значаен пораст на вегетацијата на четири подрачја околу Монт Еверест на висина помеѓу 4.150 до 6.000 метри надморска висина.
Станува збор за подрачјата на кои, покрај глобалното затоплување, мразот забрзано се топи.
This picture of grass on Mount Everest proves how terrifyingly real climate change is https://t.co/quZ1IF2sms
— The Independent (@Independent) January 13, 2020
Снежната линија на ледникот е на надморска висина на која асимилацијата и аблацијата се изедначени.
„За топењето на мразот во подрачјето на Хималаите објавени се многубројни истражувања, меѓу кои и оние кои покажале дека стапката на губењето на мразот во периодот помеѓу 2000-та и 2016-та година се двојно зголемени. Важно е да се следи и да се сфати на кој начин се одвива топењето на мразот во главните планински системи. Но, екосистемот во субнивалниот вегетациски појас покрива многу повеќе делови од подрачјата на постојаниот снег и мраз. За тие екосистеми знаеме многу малку, особено за тоа на кој начин се снабдуваат со вода“ – изјавила д-р Карен Андерсон од Институтот за животна околина и одржување од Универзитетот во Ексетер.
https://t.co/DP3SrbzrPu Grass found growing around Mount Everest as warming climate melts ice, reports a new study using satellite data. Increase in vegetation could play role in region’s water supply, which reaches 1.4 billion people. #sciencenews pic.twitter.com/GH2WyEi6an
— Science news (@UpdateonScience) January 10, 2020
Таа вели дека порастот на предснежната вегетација би можел да има значајна улога во снабдување на регионот со вода кој е познат по 10-те најголеми азиски реки, а тие снабдуваат околу 1.4 милијарди луѓе со вода.
Извор: Srbija Danas