Германското обвинителство сега го товари за оштетување на возила низ Баварија помеѓу февруари и април 2018 година.
Млад човек на возараст од 26-години е изведен пред суд во Германија за гребење на дури 642 автомобили со остар предмет, со кој се проценува дека им нанел штета на сопствениците од 930.000 евра, пренесува Deutsche Welle. Обвинителството во првичниот извештај навела дека станува збор за значително поголем број возила, дури 1.700, и штета од 2,3 милиони евра, но доволно докази имала „само“ за споменатите 642.
Откако во 2018 година примиле голем број на поплаки од сопственици на изгребани возила, полицијата била принудена да формира специјална единица за да се справи со ова.
Конечно, едно априлско утро во 2018 година, полицијата добила порака од жена која слушнала чудни звуци од надвор. Кога го погледнала низ прозорецот, видела маж кој одело од возило до возило и со тврд предмет нанесувал штета на истите. Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и го уапсила 20-годишниот осомничен.
Засега не е познато со каква казна може да се соочи овој човек доколку биде прогласен за виновен по сите основи.
Извор: Додај Гас