Сервисот за вести на Apple достигна 100 милиони активни корисници месечнo.
Во исто време, во периодот помеѓу Божиќ по Грегоријанскиот календар и Нова година, купувачите во онлајн продавницата на Apple (App Store) потрошиле повеќе од 1,4 милијарди долари, што е најнов знак на растечките приходи од услугите на тој производител на iPhone.
Компанијата соопшти дека помеѓу 24 декември минатата година и 1 јануари 2020 година, нејзините клиенти потрошиле 1,42 милијарди долари во Apple продавницата, 16 проценти повеќе во однос на претходната година, при што само на 1 јануари потрошиле 386 милиони долари, што претставува зголемување од 20 проценти, пренесува Reuters.
Бројот на корисници на News апликација се зголемил за скоро 18 проценти на годишно ниво, иако компанијата не објави колкав е бројот на претплатници на услугите на Apple News + услуги, кој чини 9,99 долари месечно.
Инаку, во САД, се забележува се поголем раст на купување преку интернет на штета на прометот во физичките продавници.
Според податоците на компанијата Mastercard, која ја следи малопродажната продажба, од 1 ноември до Бадник, американските клиенти потрошиле скоро една петтина повеќе пари отколку пред една година на онлајн шопинг за време на годинешната сезона на празнични купувања, што претставува 15 проценти од вкупната продажба на мало.
Зголемувањето на продажбата во онлајн продавницата на Apple е приближно во согласност со вкупниот тренд на приходи на сегментот на услуги на Apple, кој во минатата фискална година, завршена во септември, оствари раст од 16 проценти на 46,3 милијарди долари.
Од друга страна, продажбата на iPhone-уреди падна за 14 проценти на 142,4 милијарди долари во истиот период.