Најголемиот цвет на светот по име Рафлезија, познат и како „чудовштен цвет“ е откриен во Индонезија. Поради неговите паразитски димензии и одбивна смрдеа, голем број истражувачи досега им беше невозможна мисија да го откријат. Овој светлоцрвен цвет испушта мирис на месо кое се распаѓа, процутел во распон од 117 сантиметри.
Откриен е во џунгла во Западна Суматра. Истражувачите велат дека ова е најголемиот цвет досега е пронајден.
„Во 2017 пронајдовме ваков цвет со дијаметар од 107 сантиметри. Ова е најголемиот од 31 вид рафлезија што постојат низ светот“, вели конзерваторот Аде Путра.
Истражувачите велат дека ова растение е без корен и листови. Се храни со растение-домаќин на кое што самото тоа живее. Ги црпи неговите хранливи состојки и вода. Може да се види дури откако ќе се пробие низ растението-домаќин и ќе ги открие цветовите. Неговиот животен век е многу краток, само една недела.