Aston Martin и компанијата Gentex направиле дигитален внатрешен ретровизор кој со три камери ги обединува сите три погледи наназад
Новиот централен ретровизор има дигитален дисплеј кој се состои од три сегменти. Најголемиот, централниот дел е резервиран за „поглед“ наназад преку широкоаголна камера поставена на кровот на возилото, додека на двата странични сегменти од истиот дисплеј се прикажуваат слики од помалите камери – лево и десно, дискретно скриени во класичните надворешни ретровизори.
За разлика од некои други модели на пазарот со дигитални ретровизори, како на пример во Audi e-Tron, Aston Martin и Gentex одлучиле покрај страничните камери да ги задржат и традиционалните странични ретровизори.
Како што велат, ваквата хибридна опција во моментов е попрактична и побезбедна, бидејќи само неколку држави законски ја имаат регулирано и овозможено употребата на надворешни камери наместо стандардни ретровизори, дозволувајќи им на возачите постепено да се навикнуваат на новата технологија, без да им се ускратува можноста да продолжат со употреба на конвенционалните ретровизори .
Новиот ретровизор ќе биде претставен на претстојниот CES International Electronics Show во Лас Вегас, а како возило за демонстрација на производот се се користи прототипот Aston Martin DBS Superleggerа.
Овој дигитален ретровизор во иднина треба да биде вклучен во сериските модели на производителот од Велика Британија.