Производителите константно работат на решенија кои овозможуваат дизајн со целосен екран на паметните телефони. Досега можевме да видиме засеци, punch-hole овори, pop-up и ротирачки камери, а новиот патент на компанијата Oppo ни пружа уште едно интересно решение.
Досега сите pop-up камери воглавно биле сместени во горниот дел/рамката на телефонот, но Oppo кај CNIPA (China National Intellectual Property Administration) регистрираше патент кој ни дава прв увид во pop-камера која е сместена од страна.
Скиците за патентот откриваат моторизиран камера модул, кој е сместен од десната страна на рамката. Со паметниот дизајн е постигнато pop-up камерата да стои на задната страна кога не се користи. Видливо е дека одзади се наоѓаат уште две камери, под pop-up механизмот, како и LED блиц.
Засега нема назнаки дали овој патент ќе биде применет на некој конкретен телефон. Не се случува компаниите секогаш да ги уфрлат сите свои патенти во уредите, но можеби ова конкретно решение на компанијата Oppo ќе го видиме и во некој иден смартфон.