Samsung во 2019. година продаде 6,7 милиони 5G паметни телефони, што е многу повеќе отколку што очекуваше јужнокорејската компанија. 

Иако 6,7 милиони уреди можеби не звучат многу за еден технолошки гигант, важно е да се истакне дека се очекуваше дека Samsung ќе продаде меѓу два до четири милиони 5G телефони до крајот на 2019. година. Поради тоа, Samsung истакнува дека неговите смартфони сега сочинуваат 53,9 проценти од глобалниот пазар на 5G уреди.

Се очекува дека 2020. година ќе биде клучна година за растот на 5G мрежата на целиот пазар на паметни телефони, објави The Verge. За разлика од телефоните од 2019. година, кои воглавно не вклучуваа 5G мрежа, водечкиот Snapdragon 865 процесор на Qualcomm ќе направат поддршката за мрежата од новата генерација да биде обврзна на сите водечки Android бродови, иако преку засебна антена. На целосно интегрирано решение ќе мораме да причекаме уште малку.

Во суштина, наместо да нуди посебни 5G модели на S11 или Note11, секој нов модел на Samsung претставен во 2020. година би требало да ja поддржува 5G мрежата. Меѓутоа, пред овој гигант има и многу конкуренти, кои исто така најавуваат свои 5G uredi. Прв на листата секако е Apple.

Компанијата Qualcomm неодамна извести дека очекува дека до 2021. година ширум светот ќе бидат испорачани 450 милиони 5G паметни теелфони и дека оваа бројка може да се искачи на 750 милиони во 2022. година.