Фондација Greenfinity во соработка со Фондацијата Black Jaguar, започна проект за пошумување и зачувување на дождовната шума во Бразил.
Со проектот за пошумување, кој е наречен „Greenfinity Forest“, се планира да се пошуми површина во должина од 2.600 километри и ширина од 40 километри, долж двата брега на реката Арагуаја, која ги поврзува двата најважни екосистеми во светот: дождовната шума Амазон и саваната Серадо.
Целта на проектот е да се врати еколошката рамнотежа во регионот и на тој начин да се создаде плодно живеалиште. Пошумувањето треба дополнително да помогне и во развојот на недопрениот екосистем на глобално ниво, бидејќи здравата дождовна шума обезбедува глобално урамнотежен СО2 и ги спречува климатските промени.
Инаку проектот „Greenfinity Forest“ е резултат на уништувањето на шумите кое достигна алармантни размери. Амазонска прашума исчезнува со брзина од три фудбалски игралишта во минута, а околу 60.000 квадратни километри тропска дождовна шума се уништува на годишно ниво за одгледување на земјоделски култури. Покрај тоа, повеќе од 100 видови умираат секојдневно, бидејќи повеќе од половина од сите животински и растителни видови живеат во тропските дождовни шуми. Тоа не само се само растенија, туку животни и локални луѓе кои страдаат, а доколку продолжат климатските промени, тогаш сите сме погодени.
Во текот на последните неколку децении, шумата во областа на коридорот Арагуаја, кој е опфатен со овој проект е речиси целосно уништена. Локалните земјоделци претрпуваат огромни штети како резултат на сечењето на дрвјата, а почвата станува сè помалку плодна бидејќи водата веќе не може да се апсорбира. Оттука, само доколку се воспостави здрав екосистем, ќе може повторно да се одгледуваат земјоделски култури во оваа област и токму затоа, за време на проектот за пошумување, голем акцент се става на вредноста на соработката со локалните земјоделци.

Благодарение на заложбите на Фондацијата Greenfinity на Cashback World и нивната способност да соработуваат со населението, тие успеаа да ја подигнат свеста за вредноста на шумите за луѓето, животните и растенијата.
Инаку Фондацијата Greenfinity под мотото “Together for our World. A Future Together” спроведува локални, регионални и меѓународни проекти за заштита на климата уште од 2011 година. Таа е политички независна, добротворна организација, која е активно вклучена во одржлива заштита на животната средина и реализирање на иновативни проекти за заштита на климата ширум светот, како и за промовирање на употреба на обновливи енергии.