Следната година ќе видиме нови верзии на iPad Pro таблетот на Apple, а според дојавувачот @OnLeaks и страницата iGeeksBlog, тие ќе бидат опремени со три задни камери камера.
Напролет следната година (веројатно март) се очекува да бидат претставени уреди со дијагонали на дисплејот од 12,9 и 11-инчи, кои ќе бидат опремени со систем на камери како во сегашната серија на iPhone Pro.
Според информациите на OnLeaks, двата нови модели може да бидат со иста големина како и нивните претходници, а од објавените податоци се открива дека димензиите на 11-инчниот iPad Pro ќе бидат 248 x 178,6 x 5,9 mm или 7,8 mm со испакнатина за камерата.
Рендерите на 11-инчниот iPad Pro откриваат метален заден панел, а поголемиот 12,9-инчен таблет ќе има стаклена задна страна како iPhone 11 Pro.