Со децении „Областа 51“ била мета на теории на загвор и е поврзана со разни вонземјански летала НЛО и инвазија на вонземјани. Напиштани се голем број книги и направени многу емисии за масовни напади од разни видови на вонземјани. Оваа област се наоѓа на неплодната пустина Невада и е означено како подрачјето 51.
Целата област е заштитена со жичана ограда, рампи и знаци за предупредување, со „Забрана за неовластено влегување“. Многумина мислат дека легендарната американска база е заштитена, но не целосно, иако постојат камери на неколку метри. Позади вратата, камерите го покриваат секој можен агол.
Локалците велат дека малиот број на луѓе во базата ги знае сите пустински желки и зајци кои скокаат преку оградата. Постојат голем број на шпекулации за вонземјански заговори, а една од најгласните теории е злогласната несреќа Рузвелт од 1947 година. Постојат и заговор со вонземјани и делови од срушено НЛО.
Некои веруваат дека американската влада на ова место го снимала слетувањето на Месечината во 1969 година. Слетувањето било снимено во еден од хангарите во базата, пренесува Popular Mechanics. Што се однесува до митовите и легендите, вистината е дка „Областа 51“ навистина постои и е атрактивна до ден денес.
Во неа можеби нема премногу уѓе, но на ова место дефинитивно нешто се слчува, а само неколку избрани луѓе знаат за тоа. Затскриеноста и забраните е нешто што повеќе ја поттикнува радозналоста на луѓето. Историчарот за воздухопловство и авторот Питер Мерлин, вели дека ја истражуваа оваа област повеќе од три децении.
Тој вели дека „Областа 51“ е поврзан со развојот со извидувачкиот авион U-2. По Втората светска војна, Советскиот сојуз целосно се затворил и ја спуштил железната завеса околу себе и се изолирал од светот и остатокот од источниот блок, создавајќи информативна темница за остатокот од светот.
Кога Советите ја поддржале инвазијата на Северина Кореја врз своите јужни соседи во јуни 1950 година, станало јасно дека Кремљ агресивно ќе го прошири своето влијание. Америка била загрижена поради технологијата на СССР и нејзините намери и способност да изврши изненадувачки напад. Ова се случило само една деценија по нападот на Јапонија врз Америка на Перл Харбор.
На почетокот на 1950 година, американската морнарица и воздухопловните сили, испратиле нисколетачки летала во извидничка мисија ширум СССР, но биле под постојана закана од пад. Во ноември 1954 година, претседателот Ајзенхауер одобрил таен развој на извидувачки авион на високи височини, наречен програмата U-2.
Една од првите наредби на оваа работа била откривање на оддалечено, скришно место за обука и тестирање. Областа 51 во Невада била идеално место за тоа. На ова место постоел полигон за обука на американските пилоти пред Втората светска војна. Називот на мапата го добил името Ареа 51 кое станало нова тајна воена база.
За да ги убеди работниците да дојдат на ова место, Кели Џонсон, една од водечките инженери на U-2 проектот, му дала интересно име „Рајски ранч“. Тестирањето на U-2 почнало во јули 1955 година и веднаш стигнале извештаи за забележани НЛО. Ако се види детално извештајот од тестирањето на U-2 лесно ќе се утврди зошто е тоа така.
Овој извештај бил декласификуван во 1998 година, а потоа во целост бил објавен во 2013 година. Многу од овие забележани настани, биле видени од пилоти на комерцијални авио-компании, кои никогаш не видела авион да лета на толку високи делови, каков што бил примерот со U-2.
Додека денешните авиони можат да летаат и до 14.000 метри, авионите на средината на педесеттите години, летале на височина меѓу 3000 и 6000 метри. Поради тоа U-2 сигурно дека се однесувал како еден вид на вонземјанин или НЛО. Во тој период, пилотите знаеле дека овие необјасниви поави се однесувале на тестирањата на U-2.
Сепак на пилотите не им било дозволено да ги објавуваат деталите. Ваквите „природни феномени“, или „истражувања на висока надморска височина“ се претвориле во приказни за видено НЛО во периодот во 1960 година, кгоа Гари Пауерсон U-2 бил соборен преку Русија.
Она што е интересно во последниот извештај за 2013 година, е дека истиот само го потврдува постоењето на „Областа 51“. Иако верзијата од извештајот од 1998 година, има значајни промени во означувањето на имињата и локациите за U-2 местото за тестирање, речиси неревидираната верзија од 2013 година, открива многу повеќе.
Во новата верзија се откриени голем број на повеќекратни референци за „Ареата 51“. Некои луѓе тврдат дека станува збор за испитување на вонземјани, а други дека тоа е добрата стара американска војска. Операцијата U-2 е угасена на крајот на 1950 година, но други тајни воени авиони продолжиле со тестирањето.
Леталата А-12 и бројни невидливи летала се развивале во тој дел со текот на годините. Развиено било леталото „Птица-грабливец“, „F-117A“ и Tacit Bluе. Сите овие авиони биле тестирани во пустината Невада. Декласфикувани документи ја откриваат улогата на Областа 51 во „Пркетот Има Крофна“, обидувајќи се да ги проучат тајните на советските „Мигови“ во 1970 година. Овие авиони надлетувале над подрачјето 51 и тазвивале борбена тактика.
Тоа се случува и денес. Освен што можеме да ги видиме МИГ-17 и 21, постојат авиони од типот МИГ-29 и СУ-27, вели Мерлин. Во септември 2017 година, потпоковникот на военото воздухопловство загинал под тајни околности, откако со неговот авион се срушил во Невада. Од Пентагон не го идентификувале леталото веднаш.
Се чини дека најверојатно станува збор за странско летало, кое некако паднало во рацете на САД. Теориите за вонземјани се појавиле во 1989 година, кога Боб Лазар во интервју за локалните вести во Лас Вегас тврдел дека видел вонземјани и дека истите им помагале на инженерите додека работеле во базата.
Мерлин минат години во базата разговарајќи со поранешните инженери и вработените од Областа 51.
„Инженерите и вработените се горди на тоа што го работеле со децении, на нивните иновации кои ги направиле во воздухопловството. Но, тие се лути затоа што и покрај нивниот труд, сите само зборуваат за вонземјаните“, вели Мерлин.