Со цени кои се движат од неколку стотини илјади евра па нагоре, за повеќето луѓе моделите на „Lamborghini“ се недостижен сон. Сепак, оние кои имаат 2000 евра повеќе на сметката, можат да се утешат со купување на смартфон уред со знакот на оваа позната автомобилска марка.
Производителите на луксузни автомобили не се двоумат да заработат на страна, продавајќи разни производи кои го имаат нивното лого, почнувајќи од облека и обувки, преку часовници, па се до мебел.
Па така „понудата“ на „Lamborghini“ од неодамна побогата за смартфонот „Alpha–One“. Oвој мобилен уред со знакот со бик доаѓа од одделението за „лајфстајл“ производи на италијанската компанија.
За оние кои ги интересираат техничките детали, наведено е дека „Alpha–One“ има 5,5 инчен „WQHD“ дисплеј, процесор „Qualcomm Snapdragon 820“, 4GB меморија која може да се прошири, задна камера од 20 мегапиксели, предна од 8 мегапиксели, скенер за потпечаток на прстот и батерија од 3.250 mAh, додека оперативниот систем е „Android Nougat“.
Во промотивното видео овој ексклузивен телефон е прикажан до детал, а сајтот „The Verge“ наведува дека, како и многуте слични производи на познатите автомобилски брендови, и овој смартфон е преценет неколку пати и дека тоа на него што вреди е само името „Lamborghini“.