Microsoft подготвува апдејт за Windows 10 кој би требало да го исправи проблемот, на кој најголем број корисници се жалеле во текот на ноември.
Microsoft неодамна го објави ноемвриското ажурирање за Windows 10, кое донесе некои предности, но и многу проблеми. Меѓу останатото унапреден е и File Explorer, но по апдејтот многу корисници се жалеле на проблеми во рамките на полето за пребарување, па најчесто се случуваше алатката во текот на пребарувањето да се „замрзне“, по што било неопходно да се почека додека повторно не проработи“, пишува PC Press.
На сите кои користат компјутер познато им е колку ваквите компликации фрустрираат, па многу корисници почнаа да го опишуваат File Explorer како „целосно неупотреблив“.
Microsoft ги регистрира сите жалби, па наскоро би требало да објави и исправки, со Windows 10 20H1 build, кој меѓу останатото, се занимава и со File Explorer. Се уште не е познато дали новиот build ќе се приклучи на ноемвриското ажурирање, бидејќи многумина претпоставуваат дека до корисниците би требало да стигне дури во јануари, 2020. година.