Samsung наскоро ќе го претстави Galaxy Note10 Lite, а благодарение на Roland Quandt, целосните спецификации на смартфонот сега се познати. Телефонот ќе има 6.7-инчен Full HD+ екран, Exynos 9810 чипсет и голема 4500mAh батерија, со брзо полнење до 25W.
Доста карактеристики се позајмени од актуелниот Samsung Galaxy Note10 модел, како тројниот систем на камери (12 MP f/1.7 + 12 MP f/2.2 ултраширока + 12 MP телефото). Разликата е во предната камера, која е 32MP со f/2.0 отвор на блендата.
Samsung го задржа Infinity AMOLED панелот, но овој пат ќе иплементира стандарден оптички сензор за отпечатоци од прст, а не ултрасоничен како кај премиум Note10 моделот. Останатите спецификации вклучуваат 6GB RAM, 128GB простор за складирање и microSD слот за проширување.
Galaxy Note10 Lite има димензии од 163,7 x 76,1 x 8,7 мм и тежина од 198 грама. Не е познато дали телефонот ќе има ToF сензор. Уредот, секако, пристигнува со S pen, a тука се и Android 10 со One UI 2 и Bluetooth 5.0 поддршка.
Очекуваната цена на Samsung Galaxy Note10 Lite телефон е 610 евра, а уредот ќе биде објавен на 10. јануари на селектираните пазари во Европа.