Компанијата Xiaomi неодамна објави дека наскоро ќе го претстави Mi 10 смартфонот, кој би требало да пристигне со Qualcomm Snapdragon 865 чипсет. Сега ја имаме и потенцијалната временска рамка на објава на телефонот – првото тримесечје на 2020. година.
Во објава на страниците на Weibo, менаџерот на компанијата за TV јавни односи откри дека Xiaomi Mi 10 ќе биде официјализиран во некој период во текот на првото тримесечје од следната година. Конкретен датум на објавата не е познат.
Како што е споменато, Xiaomi Mi 10 ќе користи Qualcomm Snapdragon 865 чипсет, со максимална брзина до 7.5 Gbps. Тука е и петтата генерација на AI чипот на Qualcomm, за персонализирано искуство. Секако, процесорот има и 5G поддршка.
Xiaomi веќе потврди дека во текот на следната годин апланира објава на десет 5G смартфони, а овој потфат би можел да почне уште со Mi 10 моделот.