Процесорот на Intel, заснован на досега необјавена архитектура, се појави во SiSoft бенчмарк базата на податоци. Процесорот има шест јадра и 12 навои, со работен такт од 3 GHz, и делува како стандардnite 12nm процесори кои се веќе достапни, но ако малку подобро погледнете, многу работи се различни.
Новиот процесор има поинаква L2 cache конфигурација од претходните решенија и нуди 1.25MB L2 cache меморија по јадро, што не личи ништо од досегашната понуди на Intel. Ice Lake мобилните чипови нимаат 512KB, додека најголемата количина на L2 cache моментално е достапна во i9-10980XE и изнесува 1MB.
Засега е непознато каде овој нов процесор ќе биде сместен во целосната 14nm/10nm линија на на компанијата, а не е познато дали станува збор за 10nm верзија на Tiger Lake или за можен 14 nm Rocket Lake процесор. Единствено што е познато е дека процесорот има нова архитектура во споредба со Skylake варијантите, кои смоментно се користат.
Платформата, која беше искористена за бенчмарк на процесори, вклучува SuperMicro X12DAi-N SMC X12 dual-socket матична плоча, со два нови процесори и вкупно 12 јадра и 24 навои.