Претходно се појавија информации дека Apple би требало да лансира iPhone модели со 5G поддршка во 2020 година. Некои извори, исто така, сугерираа дека може да има четири iPhone уреди со 5G во текот на следната година, но не сите се согласуваат со ова тврдење. Јун Жанг, аналитичар на Rosenblatt, истакнува дека нема сите модели на iPhone во 2020 година да имаат 5G поддршка.
Наместо тоа, Жанг верува дека Apple ќе издаде микс од 4G и 5G модели, а тоа се заснова на информациите добиени од инсајдерски извори. Тој не споменува кој модел на iPhone ќе ја поддржува која мрежа.
Сепак, буџетскиот iPhone SE 2 (или iPhone 9) се очекува да нема поддршка од 5G. Наследникот на iPhone 11, во својата стандардна варијанта, според Жанг, нема да нуди поддршка за 5G конекција.
Од друга страна, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max ќе имаат поддршка од 5G, но и свои 4G алтернативи. Се разбира, споменатите информации треба да се земат со резерва, сè додека не се појават поверодостојни детали.