AnTuTu објави две Топ 10 листи со смартфоните кои остварија најдобри перформанси во премиум и средниот сегмент. Листите се засновани на податоците собрани помеѓу 1 и 30. ноември.
Во премиум сегментот, на врвот се наоѓа Аsus ROG Phone II, а го следат OnePlus телефоните и Realme. Топ 10 листата изгледа доста поинаку од онаа во октомври, а видлива е доминација на Snapdragon чиповите. Првиот смартфон на листата кој не користи Snapdragon е Galaxy Note 10+ 5G со Exynos 9825 чипсет, кој е десетти на листата.
Кога е во прашање средниот сегмент, на врвот се наоѓа Redmi Note 8 Pro (со Helio G90T чипсет). Следуваат Oppo Reno2, Xiaomi Mi 9T и Samsung Galaxy A80, при што Oppo Reno2 е малку подобар благодарение на нешто побрзиот GPU, бидејќи користи Snapdragon 730G чипсет, додека другите два телефона имаат верзија која го нема G обележјето.
AnTuTu истакнува дека моќните чипсети и UFS складирањето се неопходни карактеристики кои телефонот треба да ги поседува за да влезе на Топ 10 листата. Двоканалниот UFS значајно ги подобрува шансите телефонот да оствари добар резултат. Ќе биде интересно да се види како ќе изгледа декемвриската Топ 10 листа, кога се очекуваат неколку интересни објави на телефони.