Уругвајскиот ученик Езакиел Переира благодарение на Google за само некоку часа заработи 10.000 долари.
Переира успеал да ги заработи парите откако открил пропуст во серверите на Google, преку кој бил можен пристап до приватните податоци на корисниците.
Како што објасни Переира на својот блог, „на 11 јули му било здодевно, па решил да пронајде некој баг на Google“.
– Чепкав нешто по сајтот и наидов на зборот „Google confidental“ („Гугл доверливо“), Веднаш ја пријавив грешката и за само неколку часа добив одговор, напиша Переира.
По неколку недели повторно го контактирале од Google и го информирале дека поради откриената грешка заработил 10.000 долари.
Переира, кој оваа година завшил средно училиште, на својот блог тврди дека досега со слични „откритија“ на пропости во интернет системите заработил 16.000 долари.