Според последните информации, Apple работи на нов паметен часовник што би можел да биде претставен заедно со новите iPhone модели. Првичните извештаи сугерираа дека Apple Watch Series 3 ќе донесе нов изглед и дизајн, но изгледа дека ова нема да се случи.
Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо од компанијата KGI Securities, сугерира дека Apple нема да претстави целосно нов паметен часовник.
Сепак, Apple Watch Series 3 ќе пристигне со поддршка за LTE конекција, за да ја намали зависоноста на уредот од iPhone. Intel би требало да обезбеди целуларен модем со поддршка за LTE мрежата, но ќе биде достапен и поевтин модел без LTE поддршка.