Една од водечките светски апликации за комуникација Viber воведува новина која на корисниците ќе им овозможи да го променат својот број на мобилниот телефон, како и уредот на кој првобитно ја преземале апликацијата, но без губиток на податоци.
Новата функција ќе им олесни на корисниците да ја сочуваат својата преписка и податоците на апликацијата, а да можат да го заменат бројот, односно SIM картичката на истиот уред. Viber ќе ја препознае новата SIM картичка уфрлена во уредот и автоматски ќе покрене мени за промена на телефонскиот број. Во неколку едноставни чекори, корисникот ќе може да ги префрли своите податоци од Viber на новиот број.
Корисниците кои сакаат да го променат и бројот и мобилниот уред на истиот оперативен систем, истоветно ќе мораат најпрвин да ги поминат сите чекори во менито за промена на бројот на телефонот на нивниот стар уред – пред да ја уфрлат новата SIM картичка во новиот уред и на него да ја активираат Viber апликацијата.
Кога корисникот конечно ќе го промени бројот, Viber за тоа автоматски ќе ги извести сите негови контакти – што ќе им овозможи да го сочуваат новиот број во своите именици.