Документ наменет за акционерите на JP Morgan, а кој го пренесува интернет страницата Apple Insider открива дека Apple во случајот на iPhone за 2021. година можеби ќе ја промени својата стратегија во однос на официјалното претставување на смартфонот.
Два модела би требало да бидат претставени во првата половина на 2021 година, а другите два модели во втората половина на 2021. година.
Што се однесува до следната година, iPhone 12 би требало да пристигне во четири различни модели, едниот со 5,4 инчи, другиот со 6,7-инчен екран и уште два модела со 6,1-инчен екран. Еден 6,1-инчен и 6,7-инчниот модел на задната страна ќе има три камери со систем наречен World-facing 3D sensing.
Моделот со 5,4-инчен екран модел и другиот 6,1-инчен модел ќе имаат две задни камера без 3D sensing технологија. Сите модели би требало да пристигнат со поддршка за 5G мрежи (фреквенции во спектар под 6 GHz).
Во текот на 2020. година се очекува доаѓањето и на втората генерација на економичната iPhone SE серија уреди.