Сведоци сме на разорни земјотреси што се случија во изминатите неколку години, а последиот се случи неодамна во нашето соседство. Ова е причината зошто следењето на сеизмичката активност е многу важна задача и треба да се спроведе ширум светот. Мерењата на копно некако можат и да се изведат, но на поголем дел од нашата планета покриена со океани практично е невозможно. За среќа, благодарение на истражувачите од Беркли, тоа наскоро може да се промени.
Досега сеизмографите биле поставени максимум 50 км од брегот, што овозможи на овој начин да бидат надгледувани две третини од површината на земјата. Сепак, се испостави дека постои решение и дека целата опрема веќе се наоѓа на локациите. Поточно, истражувачите успеале да ги претворат оптичките кабли кои биле поставени на дното на океанот, во мрежа на сеизмографи. Со тоа ќе се добие многу подетална и попрецизна слика за движењето на тектонските плочи.
Оптичките кабли пренесуваат светлина и секое нивно поместување или менување на ориентацијата го распрскува тој сигнал. Правилното надгледување на овој феномен ќе обезбеди важни податоци, а прецизноста е голема, бидејќи е можно да се идентификува дури и поместување од само неколку нанометри. Техниката се нарекува Distributed Acoustic Sensing (Дистрибуирано акустично очитување) и може да го третира еден кабел како серија од илјадници индивидуални мерни станици. Најдоброто од сè е што за ова не никаква дополнителна опрема. Сè што е потребно е мерните инструменти да се прикачат на краевите од кабелот со оптички влакна.
За тестирање на овој метод употребен е кабел со должина од 20 километри, потопен во аквариумот на Monterey Bay истражувачкиот институт, кој бил поделен на 10 илјади сегменти. Се испостави дека успеал да детектира земјотрес со магнитуда од 3,4 Рихтерови степени, кој се случил километри подалеку.