Научниците сметаат дека ова ново откритие би можело да ја покаже еволутивната врска помеѓу модерните кучиња и волците.
Кутрето кое имало само два месеци кога угинало, неверојатно е сочувано во овој руски ладен регион. Крзното, носот и забите останале недопрени…
Here is another amazing find from the Belaya Gora site!
Radiocarbon dating says it 18,000 years old.
Question: is it a #wolf cub, or possibly the oldest #dog ever found?
We are hoping to answer this by sequencing it's genome (it has 43% endogenous DNA).
But what do you think? pic.twitter.com/MTZ918GFBf
— Love Dalén (@love_dalen) April 16, 2019
Сепак, врз основа на ДНК анализата немало можност да се утврди на кој вид припаѓа. Научниците велат дека тоа значи дека овој примерок веројатно е врската помеѓу волците и модерните кучиња – некој преоден вид во еволуцијата.
Со испитувањето на староста на јаглеродот утврдено било колку кучето е старо и колку денови имало кога угинало. Врз основа на гените утврдено било дека станува збор за кутре од машки пол.
Истражувачот Дејв Стентон од Центарот за палеонтологија во Шведска рекол дека делови од ДНК укажуваат дека ова животно би можело да биде предок на куче и волк.
@Nibbledtodeath is working on this specimen together with @pontus_skoglund.
It's 18 kyrs old!
So far, we have sequenced it's genome to 2X coverage. But we still can't say if it's a #wolf or a #dog. Maybe it's the common ancestor?
More sequencing needed!
(Photo: S Fedorov) pic.twitter.com/3zhbVEudig
— Centre for Palaeogenetics (@CpgSthlm) November 18, 2019
„Веќе имаме многу податоци од него и би требало да можеме да утврдиме дали станува збор за куче или волк“ – изјавил тој.
Друг истражувач од овој центар, Лав Дељен на Твитер поставил прашање дали ова младенче е волк или пак “најстарото куче кое некогаш е пронајдено“.
Научниците ќе продолжат да ја испитуваат неговата ДНК и се очекува да дадат извештај за еволуцијата на кучето.
Кутрето го нарекле “Догор“ што значи пријател, а воедно е почеток на прашањето на англиски “куче или…“ (Dog or?).
Се верува дека кучињата ги наследиле волците, но постои дебата во кругот на научници: кога кучињата всушност биле припитомени?
Извор: Srbija Danas