За оние на кои 6,5-инчниот iPhone 11 Pro Max им е премал, ETNews има убави вести. Според наводите на јужнокорејскиот медиум, се сугерира дека Apple разгледува зголемување на големината на екранот за својот iPhone, која би можела да изнесува 6,7 инчи.
Покрај објавата на iPhone со поголем екран, извештајот тврди дека Apple би можел да ја намали големината на екранот на најмалиот iPhone, која би изнесувала 5,4 инчи. Покрај ова, Apple ќе го задржи 6,1 инчиот модел. Тоа значи дека следната година би можеле да имамe iPhone модели со дисплеи од 5.4, 6.1 и 6.7 инчи.
Извештајот исто така споменува дека Apple конечно би можел да премине на комплетна линија на OLED модели на iPhone. Актуелната iPhone 11 линија се состои од два OLED и еден LCD модел. Исто така, Apple би можел да имплементира технологија на екранот која ќе биде потенка во однос на сегашните модели.
Засега не е можно да се потврди вердостојноста на овие информации, па треба да се земат со доза на резерва.