Повеќе од 14,5 илјади следбеници на официјалниот профил на Владата на Велс на Twitter имаа прилика да видат содржина, на која не се навикнати на овој профил.
Институциите на бројните држави одамна ги прифатија социјалните мрежи како начин на комуникација со граѓаните и известување за различни корисни информации. Па така, профилот @UKGovWales на Twitter е направен за да ја претставува „Владата на Велика Британија во Велс“ и на оваа социјалната мрежа го следат повеќе од 14,5 илјади корисници.
Тука најчесто можат да се прочитаат информации за изборите, историјата, спортот, предупредувања на временски непогоди и слични класични информации. Но, сите кои го следат тој профил, вчера многу се изненадија кога видоа кој видеозапис е ретвитнат од тој профил. Имено, на тајмлајнот се појави порнографско видео кое гледачите требаше да го оценат, со ветување дека во директна порака ќе добијат слична содржина.
Порно филмот, сепак, не беше долго достапен на овој профил и благодарение на брзата реакција на CM брзо е отстранет. Во овој случај не се работеше за грешка на лицето кое го води профилот и кое можеби малку се заиграло, туку од Владата на Twitter порачаа дека биле на удар на сајбер напад и се извинија за содржината која била објавена на нивниот профил.
„Уверени сме дека проблемот е решен“, напишаа на Twitter.