Се работи за класичен пример на пружање на прст и грабање на целата рака. Сите во Apple неуморно работеа за да соберат пет милијарди долари, а тогаш компанијата одлучи да ги вложи во гигантската и навистина луксузна градба за своите вработени. А потоа вработените почнаа да се жалат наместо да уживаат и да бидат благодарни.
Шега на страна, ова е вистински проблем. Ситуацијата е толку сериозна што новинарот од Daring Fireball, Џон Грубер верува дека многу луѓе ќе дадат отказ само поради отворените канцелариски простори. Сето ова го дознавме кога во својата емисија почна да чита писма што ги доби од разните вработени во Apple. Уште повеќе, наводно и потпретседателот на Apple, Johny Srouji побеснел кога ја видел својата канцеларија.
Еден вработен, кој работи за Apple 18 години, во своето писмо му откри на Грубер дека тој и неговата екипа моментно работат на производ што ќе „ги остави луѓето без зборови кога ќе го објават”. Меѓутоа, бидејќи наскоро ќе бидат преселени во Apple Park, сериозно почнале да размислуваат да дадат отказ откако ќе биде лансиран тој таинствен производ.
Се чини дека сите не веруваат во филозофијата на архитектонскиот дизајн за „поттикнување на подобра соработка помеѓу екипите”. Од друга страна, мораме да признаеме дека оваа идеја воглавно ја пропагираат луѓето на водечките позиции во големите компании, иако тие самите работат во приватноста на сопствената канцеларија.