Xiaomi едвај неодамна почна со распространувањето на новиот графички кориснички интерфејс MIUI 11 базиран на Android, но веќе постои индикација за нова верзија, која ќе ја очекуваме со следното издание.
Објавата на компанијата на кинеската социјална мрежа Weibo откри дека MIUI 12 ќе има целосен темен режим.
Оваа опција е се уште во режим на внатрешно тестирање од софтверските инженери на компанијата и сигурно ќе трае најмалку неколку месеци пред да го видиме во акција.
Ваквата функционалност е поддржана од Android 10 и веќе најде место во интерфејсите на некои од најголемите производители на мобилни уреди.
Потсетуваме дека со MIUI 11, паметните телефони на Xiaomi добиваат и посебен „App Draw“ за апликации во лаунчерот – долгоочекувана функционалност за фановите на кинескиот бренд.