Минатата година, Xiaomi ја шокира индустријата со Mi Mix телефонот кој пристигна со тенка рамка околу дисплејот, многу порано откако ова стана тренд во текот на 2017. година. Сега изгледа дека компанијата ќе продолжи со исто темпо и со годинашниот Mi Mix 2 модел.
Доколку е автентична фотографијата на Xiaomi Mi Mix 2, видливо е дека долната ранка е намалена уште повеќе, до точка каде предната страна на уредот ја сочинува само екранот. Во врвот на звучник, бидејќи компанијата повторно користи пиезоелектричен модул
Mi Mix 2 изгледа дека ќе биде потенок од 7,9 милиметри колку што беше првиот модел и ќе има метална рамка. Претходните гласини сугерираат дека телефонот ќе работи на Qualcomm Snapdragon 835 процесор и ќе има 6 GB RAM, AMOLED дисплеј и 19 MP главна камера. Сето тоа ќе го напојува 4500 mAh батерија.
Xiaomi Mi Mix 2 би требало да се појави кон средината на септември, по цена од околу 640 евра.