Турски воени авиони „Ф-16“ денес ќе летаат над Анкара за да го тестираат новиот руски противракетен систем „С-400“, иако Вашингтон ја притиска Турција да се откаже од набавката на ова оружје, јавуваат турските медиуми.
Токму набавката на системот „С-400“ беше главен фактор во нарушувањето на односите меѓу Турција и САД, од каде што тврдат дека рускиот ракетен систем е некомпатибилен со одбраната на НАТО и претставува закана за борбените авиони „Ф-35“.
Вчера, канцеларијата на гувернерот соопшти дека турски „Ф-16“ ќе летаат над Анкара. Турскиот Си-ен-ен и други медиуми соопштија дека ќе се тестира само радарскиот систем на „С-400“.
Испораката на „С-400“ во Анкара почна во јули, но системот сè уште не е во функција.