Утревечер (вторник 26.11) со почеток од 19 часот ќе се одржи изложба на црно бели фотографии во НЛБ Галерија на студентите од Академијата за графички дизајн и адвертајзинг на Creative Hub.
Ова е прва соработка на центарот за неформално образование кој оваа година се најде на листата на Форбес, Creative Hub и НЛБ Банка кој го подржува настанот и го отстапи просторот во НЛБ Галеријата за идејата да се реализира.
“За нашите студенти навистина претставува престиж да ги изложат своите фотографии во НЛБ Галерија. Благодарни сме на НЛБ Банка што ја препозна и ја подржа нашата креативна идеја и им даде шанса на младите да ги претстават своите фотографии.”, изјави Бојан Коскаров од Creative Hub.
Настанот е отворен за јавноста и сите љубители на фотографија се поканети да присуствуваат.
Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да ја проследат изложбата единствено утре, на 26 ноември.