Вчера ве информиравме дека Motorola Razr (2019) со дисплеј на преклоп ќе излезе во продажба во Европа на 9-ти јануари за 1.500 долари. Новиот уред е модерна верзија на легендарниот модел и привлекува внимание со својот атрактивен дизајн. Motorola се надева дека со Razr (2019) ќе го врати во живот класичниот форм-фактор „Clamshell“ кој беше многу популарен пред доаѓањето на паметните телефони. Не се негира дека Motorola Razr (2019) изгледа различно од другите уреди со дисплеј на преклоп што сме ги виделе досега.
Причината е што овој модел, за разлика од неговите конкуренти, може да се свитка и на тој начин да се добијат уште покомпактни димензии. На овој начин, Motorola Razr (2019) е многу поудобен за работење или за носење во џеб, за разлика од паметните телефони како Huawei Mate X и Samsung Galaxy Fold, каде целта е да има поголеми дисплеи. Овој дизајн се чини дека го привлекува вниманието на другите водечки компании кои најверојатно ќе претстават свои конкуренти на Motorola Razr (2019). Huawei исто така патентирал паметен телефон со сличен изглед.
Кинескиот производител патентирал на свое име дизајн на паметен телефон, кој има издолжено тело и ултра тенки рамки на рабовите, јавува PhoneArena. Апаратот се собира и отвора на ист начин како Motorola Razr (2019) и ќе понуди селфи-камери вградени во самиот дисплеј . На задниот дел, гледаме три леќи кои се вертикално поставени и дополнети со LED блиц. Копчињата за напојување и управување со звукот се поставени во рамката.
Поврзани артикли