Популарната платформа за разговори има нов посериозен проблем, поточно серија од неколку проблеми. Првиот е прегревањето на батеријата, втората е само-отклучување на вашиот паметен телефон, а најопасниот проблем е што преку мултимедијални датотеки во WhatsApp, хакерите можат да пристапат до вашиот паметен телефон, пишува Digital.bg
Ризичниот формат на видео е MP4, кој овозможува таканаречени напади на DoS преку кои хакерите можат да пристапат до пораки, фотографии, видеа и други информации од вградената меморија на паметните телефони.
Digitaltrends додава дека Facebook веќе ги признал проблемите кои WhatsApp ги предизвикува и кои влијаат на паметните телефони со различни оперативни системи.