Претставници на BIOSTAR изјавија дека имаат подготвено нови модели на матични плочи засновани на чипсетот AMD B550, што треба да ги заменат мегапопуларните и достапни B450 „мејнстрим“ модели. Новиот чипсет е посличен со карактеристиките на новата серија на процесорот AMD Ryzen 3000 заради неговата поддршка за PCIe v4.0 за стандарден побрз трансфер на податоци со двојно поголема од максималната брзина на пренесување во однос на PCIe v3.0 што ја користат актуелните модели B450. Новиот чипсет има и поддршка за две USB 3.2 Gen2 порти и 6x USB 2.0 интерфејс.
Покрај поддршката за AMD платформата, Biostar подготвено ги дочекува новостите на Intel. Во пресрет на претстојната објава на Intel Comet Lake-S процесорот за десктоп, овој производител подготви нови матични плочи засновани на Intel 400 серијата на чипови. Intel Z490 е насочен кон високиот пазар, додека моделите B460 и H410 ќе бидат позиционирани во средните и пониските ценовни категории.
Новиот чипсет Intel ќе има основна поддршка за брз WiFi 6 стандард за безжично мрежно поврзување, а целата платформа ќе има 40 PCIe v3.0 комуникациски патеки. Од нив, 16 се наменети за директна комуникација на процесоророт и графичките картички, додека останатите четири се наменети за директна комуникација помеѓу процесорот и чипсетот. За жал, процесорот и чипсетот сè уште се поврзани преку интерфејсот DMI 3.0, што е прилично тесно за платформата на Intel бидејќи има ширина од 4 PCIe v3.0. Ова практично значи дека тие дополнителни 20 PCIe v3.0 патеки за транспорт со кои располага чипсетот имаат ограниченa употреба при размената на податоци со централниот процесор.