TikTok ја премина бројката од 1,5 милијарди преземања низ целиот свет преку App Store и Google Play, се наведува во извештајот на компанијата Sensor Tower.
Социјалната мрежа и апликацијата за креирање кратко видео во моментов е трета апликација по превземања оваа година (а да не биде дел од секторот игри), по WhatsApp која се наоѓа на прво место и Messenger кој е на второ место, соопшти компанијата. Facebook и Instagram се наоѓаат на четвртото и петтото место, се наведува во истражувањето.
Со бројот на преземања во светот предводи Индија, со нешто повеќе од 466 милиони преземање на TikTok од App Store и Google Play, се наведува во извештајот. Кина е на второто место по бројот на преземања, со над 173 милиони, иако тој број не вклучува инсталации од независни Android продавници, според Sensor Tower. САД се наоѓаат на третото место со нешто повеќе од 123 милиони преземања.