Ве предупредуваат ли вашите налози дека треба да ја смените лозинката за ги заштите вашите тајни?
Заштитата на информациите е на прво место, затоа ви даваме неколку совети како да не правите грешки за лозинките.
Британскиот национален центар за сајбер сигурност (NCSC), чијашто задача е да ја штити британската интернет зона, во својот извештај ви нуди корисни начини како да ги заштите лозинките, пренесува The Guardian.
Врз основа на информациите кои што се објавени во април, ги открија најчестите лозинки со кои хакерите лесно ќе добијат пристап до вашите лични податоци.
Најчестите лозинки се: супермен, наруто, ливерпул, челзи. Доколку имате некоја од овие лозинки, веднаш направете промена.
Иако ова е полесниот начин, најсигурно е да не ги зачувате и да ги пишувате одново.
Не користете иста лозинка за повеќе профили
Најопасната работа која може да ја направи еден интернет корисник е да користи иста лозинка за повеќе профили. Не мора да користите комплицирани лозинки. Доволно е да биде лесна и едноставна за паметење, но нешто лично за да не биде лесна за хакерите.
Доколку користите иста лозинка, прилагодувајте ја со неколку различни броеви или знаци.