Со четвртата генерација на својот бестселер ŠKODA достигнува нова димензија која буди емоции.
Уште подобра, попросторна, поемотивна и со подобра поврзаност од било кога, со претставувањето на четвратата генерација на својот бестселер, ŠKODA достигнува нова димензија. Срцето на брендот ŠKODA, новата Octavia е подолга и поширока од својата претходна генерација, има уште поголем багажен простор и е со поемотивен дизајн благодарение на дизајнерскиот јазик на ŠKODA. Дополнително, со новата Octavia, ŠKODA воведува и нов дизајнерски концепт за ентериерот кој комбинира одлична просторна понуда со високо-квалитетни материјали, неверојатна функционалност и милион паметни детали. Иновативната поврзаност и новиот систем за асистенција го подигнуваат комфорот и безбедноста на многу повисоко ниво.
Новата Octavia е многу попространа од својата претходна генерација. Хечбекот е 19 милиметри подолг, а Combi изведбата е цели 22 милиметри подолг од досегашниот модел. Дополнително, Octavia е поширока за 15 милиметри, што ветува повеќе простор во кабината. Моделот може да се пофали и со поголем багажник со капацитет од дури 640 литри, додека хечбекот има 600 литри, што претставува најголем багажен простор во класата.
Новиот дизајн на предниот браник со остри, потесни предни светла нуди визуелно задоволство благодарение на LED технологија која се користи кај предните и задните светла, како и кај светлата за магла. Ново дизајнираните, плитки шини на покривот ја истакнуваат издолжената силуета на Octavia Combi, додека хечбекот изгледа речиси како купе.
Во ново дизајнираниот ентериер, Octavia нуди нов, двокрак волан, кој може да се добие со систем за загревање, на кој се поставени дури 14 најразлични функционалности кои може да се контролираат без да ги тргнете рацете од управувачот. Централната конзола е редизајнирана и нуди премиум изглед со интересни ситни хромирани детали, кои може да ги најдете и на вратите. Во кабината се користени меки, премиум материјали, а новото LED амбиентално осветлување обезбедува посебен визуелен допир, со избор на десет различни бои.
За првпат во модел на ŠKODA се вградуваат посебни ергономски седишта, кои поседуваат и масажна функција, а во топ верзијата располагаат и со вентилација. Опционалниот head-up дисплеј е уште една функционалност која ŠKODA ја воведува по прв пат. Дисплејот ги покажува најважните информации како брзина, навигација, сообраќајни знаци и системи за помош на возачот, директно на ветробранското стакло. Уште една премиера во новата Octavia е тро-зонскиот Climatronic. Електромеханичката паркирна сопирачка е влегува во стандардниот пакет. Новата генерација на ŠKODA Octavia може да да пофали и со расположливите акустични странични прозори, кои ја намалуваат бучавата од патиштата во кабината.
Octavia е прв модел на ŠKODA што ракувањето со бирачот на менувачот DSG го пренесува по електронски пат (Shift-by-Wire). Со тоа менувачот добива сосема нов дизајн на менувачот, вклучувајќи копче за положбата за паркирање.
Други нови функции ги вклучуваат системите за препознавање на сообраќајни знаци, одржување во лента, асистенција при гужва во сообраќај и асистенција во случај на опасност. Системот Hands-on Detect проверува, речиси на секои 15 секунди дали возачот доследно го допира воланот или дали веќе нема контрола врз возилото заради потенцијален медицински итен случај. Ако се случи таков итен случај, системот за „Помош за итни случаи“ може да го доведе автомобилот да застане во лентата. Доколку е неизбежен судир и покрај трудот на сите овие системи, тогаш возилото ќе се обиде максимално да ги заштити патниците така што автоматски ќе ги затвори прозорците и панорамскиот покрив и ќе ги затегне безбедносните појаси.
Четвртата генерација на ŠKODA Octavia не само што е поекономична и еко-пријателска, таа исто така доаѓа со поголем избор на алтернативни погонски системи од кога било досега. За прв пат, постои plug-in-хибридна варијанта, Octavia iV.
Некои од бензинските мотори, кои се дополнително оптимизирани, сега се опремени со лесна хибридна технологија, а дизел моторите доаѓаат од најновата генерација ЕВО и испуштаат до 80 проценти помалку азотен оксид. Моќноста се движи од 110КС до 204КС.
Поставата вклучува и варијанта која се напојува со природен гас (CNG), моделот Octavia G-TEC. Постои избор на четири варијанти на шасијата, и секако, новата Octavia е достапна со погон на сите тркала.
(ПР-текст)