Нова студија покажала дека постои поврзаност помеѓу користењето на социјалната мрежа Facebook и „малите сиви клетки“ во нашиот мозок.
Луѓето што постојано го проверуваат својот профил на паметниот телефон имаат помалку сива материја во одреден дел од мозокот за кој се верува дека е центар за награди. А тој предел се смета дека има особено голема улога во зависностите.
Тестирањата се вршеле преку магнетна резонанција и кај мажи и кај жени, претежно студенти. Траеле пет недели. Резултатите убедливо покажуваат дека луѓето што константно го проверуваат својот профил преку мобилните уреди имаат помала количина на сива материја во мозокот.
Сепак, и покрај овие резултати, експертите сметаат дека е потребно да се реализираат уште студии преку кои ќе се потврди или ќе се отфрли теоријата дека постојано користење на социјалната мрежа прераснува во зависност.
Извор: Psypost