Музичкиот спот за забавната песна на Луис Фонси и Деди Јенки стана најгледаното видео во историјата на YouTube. Тоа воедно е и првото видео кое ја има надминато границата од 3 милијарди прегледувања.
Долго време врвот го држеше Gangnam Style, на Psy, но од неодамна на врвот се искачи емотивната песна See You Again, од Furious 7 со 3,003,340,829 прегледи.
Сега Despacito го има рекордот со 3,056,292,838 прегледи, а додека го читате ова, сигурно бројот пораснал уште.
Ако не ви е здосадена, слушнете го повторно хитот кој сигурно долго ќе биде на врвот на најгледани YouTube видеа.