Купување половен автомобил или автомобил од втора рака секогаш било и ќе биде „мачка во вреќа“, затоа што никогаш неможе да бидете сигурни што ќе добиете
Колку е постар автомобилот и колку повеќе сопственици се смениле, толку е поголема и веројатноста. Клучен фактор во ова, се разбира, е километражата на автомобилот, која скоро како по правило, е намалена. Со овој вид измама не се служат само професионалци, туку често пати и обични, инаку пристојни продавачи.
Ова им овозможува значително да ја зголемат цената на автомобилот затоа што разликата во вредноста на возилата што поминале 150.000 километри е за неколку илјади евра поголема од онаа со километража од 250.000-300.000 километри. Едноставно, на одреден број километри, најчесто 200.000 километри, поради абење, почнуваат да откажуваат одредени компоненти на возилото, и тоа оние чија замена е најскапа.
Експертите тврдат дека бројот на автомобили со модифицирани километражи претставува повеќе од 30% од користениот пазар на автомобили. Во пракса, ова е многу повеќе.
Иако никогаш не е можно да се одреди точната километража на возилото со 100% сигурност, постојат неколку чекори кои ќе ви овозможат да добиете барем приближна вредност, што може да ви помогне подобро да се уверите во состојбата на посакуваното возило и да ја намалите неговата цена.
Како прво, потребно е детално да се провери сервисната книшка на возилото, која барем до одреден момент чува записи за километражата и поправките. Се разбира, ова важи дека треба да имате и среќа, да ја имаат и да ви ја дадат.
Тоа може да ви даде идеја за тоа колку возилото патувало годишно во просек, за да можете да стигнете до просечна вредност во моментот кога ќе го купите.
Покрај тоа, се препорачува да го однесете автомобилот во сервисен центар кој има комплетна дијагностичка опрема за автомобилот, што може да укаже и на специфични дефекти во неговите компоненти.
Колку е поново возилото, толку поточна километража може да добиете, дури и кога е манипулирано со бројчаникот.
Повторно, ништо нема да ви донесе точен број на извозени километри, но барем ќе ви даде многу појасна слика за тоа колку патувало возилото.