Интернет пристапот во Багдад и поголемиот дел од Ирак е прекинат, соопшти компанијата NetBloks.
Протестите против властите во Ирак стануваат се помасовни, што ја натера државата да го исклучи интернетот во поголем дел од земјата.
„Интернет конекцијата во моментов е помала од 19 проценти од нормалното ниво, што влијае на милиони корисници во Багдад, Басра, Карбала и другите центри“, се вели во соопштението.
Антивладините протести се одржуваат веќе некое време во Ирак, а ирачките власти претходно го прекинаа пристапот до интернет во услови на протести.
Интернетот во оваа земја е „исечен“ неколку пати досега и во октомври, но никогаш не бил речиси исклучен во сите делови на Ирак, како што е случај сега.
Ирачките власти се надеваат дека со исклучување на интернетот ќе ја забават комуникацијата на антивладините заговорници.
Поврзани артикли