Компанијата IBM произведе касета на која може да се складираат и до 330 терабајти податоци, што може да се спореди со бројката од 330 милиони книги.
На новата магнетна лента, што се уште е прототип, може да се впишат 201 гигабити на квадратен инч, што претставува 20 пати поголема површинска концентрација на податоци отколку кај сегашните ленти.
Лентата пак, е изум на „Сони Сториџ Медија Солушнс“, кои веќе неколку години соработуваат со IBM.