Уште минатиот викенд, на MacRumors форумот, корисниците на iOS забележаа дека најновата верзија на апликацијата Youtube доби поддршка за HDR на iPhone 11 и iPhone 11 Pro.
YouTube го поддржува HDR на iOS од iPhone X моделите, но беше потребно да се ажурира апликацијата за да проработат овие новитети.
За да бидете сигурни дека гледате YouTube во највисок квалитет, едноставно притиснете ги трите точки во горниот десен агол на видеото и би требало да го видите HDR во опциите. HDR опцијата е исто така поддржана на сите уреди кои по спецификации поддржуваат HDR режими.
На овој начин, уште еден вид на корист ќе добијат корисниците со телефони кои поддржуваат HDR, односно чии екрани се во состојба да прикажуваат HDR видео.
Извор: PC Press.rs