Компанијата Samsung најави дека наскоро ќе го реши проблемот со сензорот за отпечаток од прст.

Од компанијата најавија решение откако беше пријавено дека сензорот за отисок од прст не функционира ако на екранот се стави заштитна фолија. Овој проблем го имаа Galaxy S10, S10 Plus, S10 5G, Galaxy Note 10 и Galaxy Note 10 Plus, потврдија од Samsung.

Ултрасоничниот сензор по грешка ги читаше 3D примероците во заштитата на екранот како отисок од прст, а како резултат на тоа секој можеше да го отклучи смартфонот заштитен со силиконска фолија што претставува сигурносен проблем.

Samsung наскоро ќе понуди решение за овој проблем, а дотогаш ги советува корисниците да не користат силиконска заштита, односно да ја отстрануваат постоечката и да ги избришат претходно регистрираните отисоци на прсти, а потоа да ги регистрираат повторно без силиконска заштита. Ако користите заштита за екран која дошла со новиот уред, не треба да ја отстранувате.

Извор: Klix.ba