Универзумот постојано се шири, а со него, и нашиот интерес за негово спознавање. Низ времето, нашите познавања за истиот се повеќе и повеќе се зголемувале. Сепак, не сме стигнати до негово целосно дефинирање. Сеуште постојат теми, кои речиси воопшто не ги разбираме. Една таква тема, со силна надеж за подлабоко разбирање, ќе биде отворена во четврток, со почеток во 20 часот, во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Во третиот термин од циклусот предавања на популарни астрономски теми поле на интерес ќе ни бидат, буквално, неисцрпните делови од универзумот. Ќе се дискутира за еден вселенски феномен во кој влијаат толку големи гравитациски сили како кај ништо до сега познато. Како значаен настан кој ја одбележа оваа година е и првата фотографија од ваквиот феномен. Ќе се зборува за црни дупки, нивните карактеристики, начинот на кој се формираат и некои интересни факти.
Цената на влезницата изнесува 100 денари, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје, влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).
Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето, на влезот на амфитеатарот, и не е потребна претходна најава. Се замолуваат посетителите дојдат 10 минути пред почетокот, како би можеле навремено да купат билет и да се сместат во амфитеатарот пред почетокот на предавањето.