Европол на своите веб страници објави совети за сигурно купување на Интернет со цел да ги намали онлајн проневерите. Станува збор за „златни“ правила до кои се препорачува да се држите кога пазарите онлајн.
Купувајте од проверени извори: Користете портали и онлајн продавници кои ви се познати или веќе ги имате користено, а проверувајте и како се оценети трговците од кои купувате на страници како што се Amazon и eBay.
Проверувајте ги трајните плаќања: Пред да ги испратите податоците за вашата платежна картичка за плаќање на трајни услуги информирајте се како можете да ја прекинете услугата подоцна. Многу од Интернет трговците ќе бараат од вас да ги зачуваат податоците за плаќањето. Размислете добро пред да се согласите и запознајте се со сите ризици кои ги носи таа одлука.
Користете кредитни картички при онлајн купувањата: Поголемиот дел од кредитните картички имаат добри политики за заштита на купувачите. Доколку не го добиете она што сте го нарачале, издавачот на кредитната картичка ќе ви ги врати парите.
Проверете дали преносот на податоци е заштитен: Проверете дали стои иконата на катанец во делот каде што се наоѓа URL адресата на страницата од која купувате, а користете и HTTPS и SSL протоколи кога пребарувате на Интернет.
Секогаш подгответе ги документите поврзани со вашето купување: Можеби ќе треба да ги утврдите условите на купувањето и да докажете дека навистина сте ја платиле порачката. Доколку не купувате одреден производ или услуга, не давајте ги податоците од вашата кредитна картичка.
Кога купувате онлајн, но од личност, не праќајте ги парите однапред: Доколку е можно, договорете се прво да ја добиете порачката пред да платите.
Не праќајте пари некому кого не познавате: Доколку некој ви го побара тоа, размислете дали истото би го направиле доколку некоја непозната личност на улица ви побара одредена сума пари. Исто така, не праќајте го праќајте никому бројот на кредитната картичка, ПИН кодот или други податоци за вашата картичка.
Избегнувајте ги страниците кои не поддржуваат целосна автентикација (Verified by Visa/MasterCard Cesure Code).
Никогаш не испрачајте податоци за картичката во некриптиран мејл: Некои онлајн трговци надвор од Европа бараат да им доставите копија од картичката или пасошот преку telefax како гаранција.
Извор: 24 sata.hr